Викториа седеше на фотељата во собата на Тина.Разговараше со Тина и раскажа се што се случило.После тоа се повлече во соба зошто се чуствуваше многу лошо ,но и имаше потреба да биде сама.
После неколку часови кои ги помина листајќи некое списание,а не ни погледна ниту една буква,Тина тропна на вратата.
-Подобро се чуствуваш?!?-ја запраша Тина.
-Мислам да.-несигурно и одговори Викториа.
Физички се чуствуваше подобро,но во длабочината на својата душа чуствуваше голема празнина.Таа празнина правеше да се чуствува безживотно.
-Сеуште си бледа.-додаде Тина.
-Ми недостига…-призна гласно Викториа,но празнината сеуште остана во нејзината душа.
-Мислам дека треба да одиш на доктор.-рече тивко Тина избегнувајќи да зборува за Виктор.
-Се е ова поради нервозата и напнатоста која ме разјадува.-одговори Викториа која немаше намера да оди никаде и надвор од собата.
-Можеби не е само тоа Викториа.Можеби нетреба да седиш затворена во собава.Излези надвор,дојди со нас на плажа,смени ја малку атмосферата.
-Не Тина…несакам сега ништо освен да сум сама со своите мисли.-одговори тивко Викториа.
-Викториа зошто си го правиш сето ова?!? Виктор знаеш дека премногу те сака,толку години молчеше и ја криеше љубовта кон тебе.Зарем мислиш дека сето тоа би го погазил и заборавил само поради една гуска?!?
-Незнам ништо повеќе во овој миг Тина…збунета сум…можеби се разочарал или пак согледал дека тоа било само една заслепеност…
-Не,Викториа.Не се сложувам со тебе.Знаеш и сама дека Виктор секогаш беше покрај тебе,во добри и лоши мигови.Стоеше молкум и кога ти беше заслепена и опчинета од некој друг.Сето тоа молкум тој го поднесуваше некажувајќи ниту еден збор.Секогаш знаеше да те утеши,секогаш знаеше како да ти подаде рака и те извлече од темнината која ќе те зафатеше после секоја пропадната врска и разочарување.
-Да…секогаш беше покрај мене кога имав лоши мигови,паѓања и станувања…неможам тоа да го негирам…но…сега е поинаку…можеби…можеби очекувал поинаква љубов…
-Викториа погледни ме.-рече Тина.
Викториа ја крена главата и ја погледна својата пријателка,проба да и се насмевне,но тоа повеќе личеше на болна гримаса одтколку на насмевка.
-Викториа,знам дека му веруваш на Виктор.Мораш да веруваш и во иднината,нека не те плаши како порано.Знам дека премногу си повредувана во минатото.Но,Виктор не е тој тип на машки за да водат неколку врски истовремено.Тој иако знаеше некои нешта,никогаш не се вмеша или пак кажа за да те предупреди или пак го тргне твоето внимание на некои нешта.-говореше тивко Тина,за миг застана како да се двоуми дали да продолжи понатака,зеде здив длабоко и продолжи:
-Одкако вие станавте пар и си ги откривте чуствата,тој ниту еднаш ти нема спомнато за никој и ништо.Така ли е Викториа?!?
Викториа молчеше,го вртеше прстенот на десната рака.
-Да…така е Тина.-тивко одговори Викториа.
-Истото го имаш и ти тоа направено,го оставивте минатото каде што му е местото.Ја зграбивте иднината но наместо да ја прегрнете и зачекорите во неа,вие дозволивте на првото скалило да се препнете.Иако и самата кажа на неколку пати Виктор пробал да ти ја даде својата исповест,но ти не си сакала да го сослушаш.Мила моја Виктор не е тој тип на машки да се гледа со една девојка,а во меѓувреме да одржува контакт со друга.Доволно го познавам и сум сигурна во ова што ти го велам.
Викториа збунето ја погледна Тина,сакаше да ја запраша каде води овој разговор,сакаше да ја замоли да ја остави на мир,да биде сама,сама со својата болка.
-Не! Молчи Викториа.Сослушај ме што имам јас да ти кажам.-оштро ја пресече Тина.
-Говорам за две претешки години на Виктор,низ кои ти беше сонливиот шетач по сни.Сни кои ги плетеше со…-за миг замолче Тина и ја погледна Викториа,како да сакаше да види што ќе предизвикаат нејзините кажани зборови.
-Тина,што имаат врска тие години со Виктор и мене?!? Каква врска сега имаат тие години со состојбата која е сега?!? Не те разбирам Тина.-збунето зборуваше Викториа.
-Имаат голема врска Викториа.Пред неколку месеци случајно или судбински ти напомнав нешто,за кое ти беше упорна да го дознаеш до крај.Тогаш ти ја кажав целата вистина,ама знам дека ти не ме сослуша т.е несакаше да ме сослушаш,само го прифати она што тебе ти одговараше.
-Тина тие години немаат никаква врска со мојава ситуација!-речиси луто одврати Викториа.
-Јас мислам поинаку Викториа.А знаеш ли зошто?!?
-Те молам ќе ми објасниш зошто,јас не те разбирам повеќе Тина.-рече нервозно Викториа.
-Тие две години додека беше во магепсаниот свет со Дамјан,и се ти изгледаше розово и како бајка,небило се розово и како во бајка.Дамјан иако беше со тебе на некоја си романтична врска,тој исто така цело време бил со својата долгогодишна девојка.Со која се венча и му стана сопруга! Зар не е така Викториа?!?-нервозно ја запраша Тина.
Викториа седеше како скаменета,гледаше во својата пријателка,но незнаеше што да и одговори.
-Јас и Виктор го знаевме тоа цело време Викториа.Тоа ти го кажав оној ден кога судбинското или случајното направи да Дамјан помине покрај нас а ти остана збунета иако тој веќе беше заминат и изгубен во реката луѓе.
-Тина тој ден…
-Да,Викториа.Тој ден морав да го кажам она што бев договорена со Виктор никогаш,ама никогаш да не ти го кажеме,никогаш да не дознаеш за тоа.Разбери Викториа…Виктор побара од мене да не ти кажам,ниту пак тој да ти каже.Сакаше да не се мешаме во врската која ја имаше со Дамјан.
-Знам Тина,тој ден морав да бидам и груба со тебе само да го извлечам целото признание.Иако знам дека никогаш нема да го дознаам целото.
-Токму така Викториа.Желбата или пак наредбата на Виктор беше да оставиме на тебе,да не се мешаме.Многу пати посакав да ти кажам директно,ме спречуваше дадениот збор кој го дадов на Виктор.Многу пати сакав да те запрашам до кога така Викториа?!? До кога ќе си во необична врска со Дамјан?!?
Викториа гледаше во својата пријателка како прв пат да ја гледа во животот,трепкаше со очите збунето.
-Одговори ми Викториа…Зошто таа врска нестана реалност туку замина во минатото?!? Зар и на Дамјан не му веруваше?!?-ја запраша Тина.
-Му верував Тина,и сеуште му верувам.-одговори Викториа.
-Зошто тогаш…-повторно сакаше да запраша Тина.
Викториа ја крена раката,ги затвори очите,зеде здив длабоко и продолжи:
-Да,му верувам.Но неможам да го објаснам она што ме спречуваше,освен кратко да кажам дека неможев…неможев да му се предадам во целост на Дамјан…да ја дадам контролата,да му го предадам животот.-рече Викториа со олеснување.
-Нешто ме спречуваше да се предадам,да ја дадам сета контрола и ги откријам во целост чуствата Тина…не,не ме прашувај зошто,можеби е тоа што вие сте го знаеле и јас сум го претчуствувала некако или е пак сосем нешто друго.Виктор…само тој успеја во целост да ме соголи,да ја преземе целата контрола,да го поседува моето тело без да давам отпор или пак да ги контролирам чуствата.Да ја поседува мојата душа,мисли…да го скроти оној исплашен звер кој долго време седеше скриен во мене.Виктор е тој разбираш…Виктор!-речиси викаше Викториа.
Тина стана и ја прегрна Викториа.Нежно ја милуваше по образот и ги бришеше солзите кои се лизгаа низ образите на Викториа.
-Знам мила моја…знам…Виктор е тој кој те скроти и залечи раните.Поради тоа мораш да веруваш во љубовта.Но и ти си таа која ги залечи неговите рани.Вие сте створени еден за друг Викториа.Размисли те молам неизбрзувај.Неправи ништо додека не си сигурна во исправноста…те молам Викториа.-тивко заврши Тина.
-Што би правела јас без тебе?!?-ја запраша Викториа.
-Или јас без тебе.-со широка насмевка на лицето и одговори Тина и ја прегрна поцврсто на што Викториа возврати со сета искрена љубов кон тоа пријателство.
-Ќе те оставам сега да размислиш за се,плус Дарко е премногу долго сам на плажата преполна со девојки.А утре ќе одиме да прошетаме малку на едно специјално место зошто кажаа времето нема да ни е наклонето.-рече весело Тина.
-Целосно го заборавив Дарко.-збунето рече Викториа.
-Но јас незаборавив,затоа ќе одам малку да бидам со него…може нели мила моја?!?-рече Тина.
-Секако дека може,оди пред да имаш проблем со него поради некоја исончана русинка.-весело и одговори Викториа.
Тина трга кон вратата,кога го слушна коментарот за русинката само лажно се смрште,на што Викториа весело се насмевна.
-Ајде оди,јас ќе полежам малку,се гледаме подоцна.-рече уверливо Викториа.
Тина ја отвори вратата подзастана и рече:
-Незнам зошто…те сакам моја луда кумашинке.
Викториа ја погледна се насмевна и одговори:
-Знам дека ме сакаш,но и јас незнам зошто те сакам моја полуда кумо.
Двете весело се насмевнаа и се разделија.Викториа кога остана сама легна во постелата ги затвори очите,а ликот на Виктор веќе беше пред неа.